Песков: Не очекувајте премногу од средбата Путин-Бајден

Од:

Не треба да се „пумпаат“ очекувањата од разговорите меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден, на 16 јуни во Жeнева, смета портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Дури и почетокот на нивниот дијалог е позитивен чекор, изјави тој денеска на маргините на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург.

Според него, оваа средба е многу важна, но би било погрешно да се очекуваат големи очекувања, пренесува Тасс.

-Потенцијалот на нашите несогласувања, па дури и некои спротивставени моменти во нашите билатерални односи, се толку големи што не може да се очекува никаков напредок во постигнувањето разбирање. меѓутоа, понекогаш и согласноста да не се согласуваме може да биде корисна, додаде Песков.

Меѓусебното почитување и земањето предвид на меѓусебните интереси, како што забележа порпаролот на Кремљ, се неопходен услов за подобрување на руско-американските односи.

-Од друга страна, обидите за диктат или менторство се осудени на неуспех, бидејќи тие можат да ја нарушат динамиката на воспоставувањето дијалог, рече Песков.

Тој потсети дека рускиот претседател Владимир Путин е за подобрување на односите меѓу Русија и САД.

Договорениот самит во Женева ќе биде првата „тет-а-тет“ средба меѓу Путин и Бајден по стапувањето на власт на 46. американски претседател. Тоа ќе биде и прв руско-американски самит од јули 2018 година, кога Путин се состана со тогашниот американски претседател Доналд Трамп во Хелсинки.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

Москва не го признава Меѓународниот кривичен суд, реакција по налогот за апсење на Нетанјаху

Катерина Ѓуровски

„Шпигел“: Путин се заканува со нови напади

Орбан: Западните земји треба многу сериозно да ја сфатат изјавата на Путин за примената на „орешкин“

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски