Шест деца загинаа во пожар што избувна во државниот Центар за превоспитување малолетни деликвенти во Каиро, изјави денеска безбедносен извор, пренесен од ДПА.
Деветнаесет други деца, исто така, се повредени во пожарот што избувна вчеравечер во центарот, лоциран во каирското предградие Ал-Марг, додаде изворот.
-Пожарот бил предизвикан од електрична кратка врска во детското одделение, изјави изворот.
Пожарот подоцна бил ставен под контрола, а Обвинителството наредило супервизорот да биде задржан во притвор во очекување на сослушување, додаде изворот без да даде повеќе детали, пренесе ДПА.