Во текот на вчерашниот ден Секторот за внатрешни работи Велес при спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли санкционира 78 возачи, соопшти денеска МВР.
Од изречените прекршоци, 43 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, а санкционирани се и други прекршоци.
– Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се наведува во соопштението на МВР.