Псаки: Промената на владата во Израел нема да влијае врз американско-израелските односи

Од:

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, изјави дека формирањето нова коалициска влада во Израел нема да влијае врз односите меѓу САД и Израел и дека еврејската држава ќе продолжи да биде нивен важен стратешки партнер, пренесува Анадолија.

На прес-конференцијата во Белата куќа, меѓудругото, Псаки го коментираше и договорот постигнат од опозицијата во Израел за формирање коалициска влада, со кој актуелниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху заминува од власта по повеќе од 12 години.

-Одлуките што се однесуваат на политиките и политичките структури му припаѓаат на Израел. Израел ќе продолжи да биде важен стратешки партнер на САД. Имаме трајна безбедносна соработка и така и ќе остане, рече Псаки.

Псаки ги коментираше и честите кибер напади во последните денови врз приватниот сектор во САД, што наводно се извршени од структури поврзани со Русија и ги повика американските приватни компании да ја зајакнат одбраната од кибер напади и да не се согласиваат да исплаќаат за уцените на хакерите.

Таа додаде дека американскиот и рускиот претседател, Џо Бајден и Владимир Путин, за кибер нападите ќе разговараат на нивната прва средба во Женева, закажана за 16 јуни.

-Бајден ќе ги повика сите одговорни земји да не дозволат да станат безбедно прибежиште за компјутерскиот криминал и да водат решителна борба против ваквите криминални групи, рече Псаки.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ликвидиран командант на Хезболах, главниот играч во снабдувањето со оружје

Хезболах лансираше „голем ракетен бараж“

Комеморација на жртвите на фестивалот на кој нападна Хамас

Хезболах: Нема место за Израел во регионот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Една година по нападот на 7 октомври: илјадници мртви, милиони раселени, Блискиот исток е пред општа војна

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток