Дачиќ: Србија очекува безусловна одлука за датум

Од:

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска во Брисел изјави дека очекува безусловна одлука за отпочнување на преговорите и оти тоа би била историска одлука за Србија.


– За нас најважно е Србија да добие безусловна одлука. Мислам дека тоа ќе биде една историска одлука, истакна Дачиќ.


Тој посочи дека Србија ќе продолжи со имплементацијата на се што е договорено во дијалогот со Приштина.


– Србија мора да се сврти кон нови преговори, тие за членство во ЕУ. Ние не сакаме тие разговори да ги водиме 10 години, туку што побрзо да влеземе во ЕУ, наведе Дачиќ.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад