Лидерот на ЛДП, Чедомир Јовановиќ синоќа околу 22 часот направи инцидент во ресторан за брза храна во Нов Белград, кога го демолираше, а сега се појави видео на кое се гледа како познатиот политичар вика кон полицијата, која дојде на местото на настанот.
Како што може да се слушне на снимката, Јовановиќ за време на увидот го шутира полицискиот автомобил и тврди дека за сè се виновни навивачите на Црвена звезда, за кои вели дека го нападнале.
На снимката се слуша како Јовановиќ вика: „Изгасете ги светлата бре, да ви ја е*ам мајката! Моите деца спијат тука!”
Јовановиќ околу 23 часот со патролен џип бил однесен во полициската станица во Нов Белград, а веднаш зад него тргнала и неговата сопруга.