За кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, надлежен јавен обвинител од Основното јавно ибвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнен налог против три лица.
Обвинетите, како што соопшти Јавното обвинителство, биле затекнати како се движат надвор од своите домови во Скопје за време на важечкиот полициски час, со што ги прекршиле прописите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на Ковид-19.
– Основното јавно обвинителство Скопје на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за обвинетите да определи парични казни од по 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја одреди на 20 евра во денарска противвредност, наведуваат од ЈО.