Најмалку 540 луѓе се наоѓаат во карантин во главниот град на Норвешка, Осло, откако се појавило жариште на инфекцијата по прославата на матурантите, кои во земјата традиционално се возат со автобуси и пијат големи количества алкохол.
Јорун Тавлов, задолжена за следење на инфекциите во западниот дел на Осло, изјави за локалните медиуми дека повеќето од случаите од новиот кластер се поврзани со пет автобуси, а меѓу заразените се ученици од речиси сите средни училишта во тој дел од градот, каде живеат речиси 700.000 луѓе.
Прославите кои на норвешки јазик се нарекуваат „руско славење“ е голем културен настан кој се организира во сите скандинавските земји.
Учесниците најчесто носат униформи во црвена или сина боја и соодветни шапки. Некои купуваат половни возила, како што се автобуси, комбиња или автомобили, по кои цртаат и се возат со нив. Пијанството и нарушувањето на јавниот ред и мир се составен дел од прославата.