Заев му одговори на Мицкоски: Парламентарното мнозинство може да расте, не да паѓа

Од:

Премиерот Зоран Заев не размислува за предвремени парламентарни избори. Иако Христијан Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ работи на обезбедување ново мнозинство во Собранието и се разговара со пратеници, Заев е категоричен дека сегашното мнозинство може да расте, а не да се намалува. Премиерот останува на ставот дека оваа Влада треба да има четиригодишен мандат.

„Парламентарното мнозинство може да расте, не да паѓа. Политиките кои ги води СДСМ и политиките кои ги води ВМРО-ДПМНЕ. Од тоа зависи миграцијата од лево кон десно и обратно. Зошто да одиме на парламентарни избори, зошто не дадеме можност за еден мандат од четири години. Сите политики во изминатите 4 години, како договорите со Грција, Бугарија, законот за јазиците, се за подобар стандард и поквалитетен живот на граѓаните. Ваквите политики можат да ја гарантираат добрата економска иднина на целиот наш народ“, рече Заев.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, побара распуштање на Владата и предвремени парламентарни избори. Смета дека Владата предводена од СДСМ, лошо ја води Македонија. Најавите за ново парламентарно мнозинство, Мицкоски не ги кажува по првпат откако се одржаа изборите на 15 јули, кога ВМРО-ДПМНЕ ги изгуби избори. На почетокот на февруари тој кажа дека се крои ново парлемтарно мнозинство. Но и тогаш, тоа не се случи. По ова, се гласаше доверба на Владата, која доби поддршка од 62 пратеници, колку што брои и мнозинството.

Би можело да ве интересира

Мицкоски од Брисел: Ние одамна заслуживме да бидеме во ЕУ

СДСМ: Власта ќе носи мигранти за пари од Британија, а ќе ги викаат „економски работници“

Горан Наумовски

Мицкоски: Не постои закана од мигрантски кампови, опозицијата ја дезинформира јавноста

(ВИДЕО) Мицкоски: Буџетот е ликвиден и сите обврски се извршуваат навреме

СДСМ: Прашањето за мигрантите е надлежност на Собранието

Горан Наумовски

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези