Репортер на американската телевизиска мрежа Си-ен-ен имаше непријатно искуство, кога непосредно пред да има вклучување во живо, на сакото му слета голем скакулец.
Ману Ражу требаше да се вклучи во програма, кога скакулецот почна да му лази по околувратникот, а новинарот во првите секунди воопшто не беше свесен за тоа, додека лежерно муабетеше со колегата.
Had an unwelcome visitor try to crawl into my live shot earlier. pic.twitter.com/Pu68z0cWSN
— Manu Raju (@mkraju) May 27, 2021
Но, тој набрзо почувствува нешто на вратот и одлучи да провери со раката што е тоа, а неговата панична реакција ја „фати“ камерата.