37 нови случаи на Ковид-19, починати се десет лица

Од:

Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на Ковид-19 од: Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.

Пријавени се вкупно 10 починати лица: три лица од Скопје на возраст од 70, 65 и 56 години, 2 лица од Куманово на 69 и 57 години и по едно лице од Тетово на 68 години, Велес на 80 години, Кочани на 71 година, Дебар на 57 години и Крушево на 67 години. Сите 10 лица се починати во болнички услови.

Регистрирани се 90 оздравени пациент од: Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.

Направени се 3.108 тестови преку: ИЈЗ-387, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–32,ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–84, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-147, Авицена-222, Биотек-415, Систина-144, лабораторија Лаор-253, Синлаб-41, Ремедика-28, Плодност–59, Генеа–30, Никоб лаб-36, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 927.

Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на Ковид-19.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 68521, Активни 441
Куманово 8830, Активни 105
Прилеп 8304, Активни 61
Тетово 7214, Активни 45
Битола 6292, Активни 54
Велес 5468, Активни 15
Гостивар 5173, Активни 24
Кавадарци 5153, Активни 11
Охрид 5003, Активни 55
Штип 4959, Активни 21
Струмица 4111, Активни 39
Струга 2980, Активни 25
Кочани 2787, Активни 14
Кичево 2565, Активни 42
Гевгелија 2191, Активни 7
Неготино 2184, Активни 8
Свети Николе 1522, Активни 10
Ресен 1234, Активни 12
Крива Паланка 1219, Активни 3
Радовиш 1159, Активни 30
Берово 1029, Активни 2
Делчево 971, Активни 9
Дебар 940, Активни 1
Виница 881, Активни 18
Пробиштип 789, Активни 3
Валандово 666, Активни 1
Богданци 494, Активни 2
Крушево 490, Активни 4
Демир Хисар 397, Активни 3
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 374, Активни 10
Македонски Брод 359, Активни 3
Пехчево 268, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 5
Дојран 132, Активни 0

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски