Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност: Инсталирани првите најмоќни Turbo DC полначи за електрични возила во државата

Од:

Порше Македонија ја проширува инфраструктурата за полнење на електрични и хибридни возила со два нови Турбо полначи со висок капацитет и брзина на полнење.

Во Порше Македонија активно функционираат вкупно 6 станици за полнење на електрични и хибридни возила, од кои 2 се новите Turbo DC полначи со капацитет од 320kW, 3 полначи со моќност од 11kW и еден полнач со моќност од 7,2kW. Ова значи дека во моментот компанијата го има најмоќниот парк за полнење на електрични и хибридни возила во државата.

Главна карактеристика на новите Turbo DC полначи е во нивната брзина на полнење. Според спецификацијата, можат да ја наполнат батеријата на најмоќниот модел во понудата на Порше, моделот Taycan, од 20% до 80% за само 19 минути.

„Моделската офанзива на електрични и хибридни возила на Volkswagen Групацијата налага да се направат сериозни инвестиции во развој на инфраструктурата. Во моментов активни се 6 станици за полнење, но до крајот на летото очекуваме да ги инсталираме преостанатите 10 станици за полнење, со што вкупниот капацитет на полначите во рамките на компанијата ќе биде 1 мегават. Инвестицијата е вредна повеќе од 500.000 евра” – изјави д-р. Златко Муцунски, генерален директор на Порше Македонија.

Во рамките на понудата на електрични и хибридни возила, компанијата веќе ги нуди моделите Porsche Cayenne e-hybrid, Panamera e-hybrid, Porsche Taycan, Volkswagen e-up, Volkswagen Passat GTE и Volkswagen ID.3.

Моделската офанзива ќе биде засилена во текот на оваа година во која Порше Македонија планира почеток на продажба на повеќе електрични модели како: светскиот автомобил на годината новиот Volkswagen ID.4, Porsche Taycan Cross Turismo, ŠKODA Enyaq, Audi e-tron и голем број на хибридни возила, базирани на постоечките модели кои се дел од понудата на компанијата.


Порше Македонија го трасира патот кон електричната мобилност. Доказ за тоа, не се само инсталираните брзи полначи во рамките на компанијата. Во изминатиот период, како дел од проектот Porsche Destination Charging беа инсталирани полначи на клучни точки низ целата држава: во главниот град во хотелите Bushi, TCC Grand Plaza и Panoramika, но и низ неколку градови низ државата: хотел Unique во Охрид, хотел Moderna во Демир Капија и Casino Hotel Flamingo во Гевгелија, каде клиентите кои возат хибридно или електрично возило можат да ги полнат своите возила.

Електричните возила се иднината на мобилноста и затоа мора активно да се работи на градење на инфраструктурата, за што побрзо да се заменат возилата со мотори на внатрешно согорување, кои влијаат штетно на животната средина.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска