Најголем број слободни работни места во услужни дејности и продажба

Од:

Во првото тримесечје од 2021 година стапката на слободни работни места изнесува 1,58 проценти. Најголем број слободни работни места – 2.103 има во петтата група занимања – работници во услужни дејности и продажба.

Според податоците на Државниот завод за статистика, највисока стапка на слободни работни места од 4,98 проценти има секторот градежништво, додека најмала е стапката во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 0,15 проценти.

Деловните субјекти со број на вработени од 3 до 9 имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2,39 отсто.

Скопскиот регион има највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 1,80 проценти.

Би можело да ве интересира

ДЗС: Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство

Помалку издадени одобренија за градба во мај

Горан Наумовски

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

За една година затворени 14 училишта во Македонија: Намален е бројот и на паралелки и ученици

Александар Тодески

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Негативен природен прираст во 2022 година

А1он