Се топи разликата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на СДСМ

Од:

Се топи рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, разликата со СДСМ е околу 3%, 67,6 отсто граѓани сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, ова го покажува најновата анкета на агенцијата „Рејтинг”, изработена и објавена за изданието на весникот „Дневник”.

Анкетата била спроведена од 2 до 8 мај, периодот во кој се објави големата акција за апсење на радикални исламисти во акцијата „Монструм“ и се оджаа протести, но и период во кој ВМРО-ДПМНЕ објавуваше имиња кои ги однесе „бранот“ промени, и донесел нови лица кои треба да значат освежување и поголем елан за работа.

Според анкетата, ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 22,1%, додека пак СДСМ 18,6%. Пораст бележат ЛДП и ВМРО-НП, или двете партии на листата имаат околу 2,5 проценти рејтинг.

Останатите опозициски партии од македонскиот блок се поддржани од 3% од граѓани.

Кај партијата на Ахмети нема големо поместување, но, најголем пораст има кај партијата на Тачи, ДПА, чиј рејтинг во однос на јануари пораснал за 1,3 процент и сега изнесува 4,4 отсто. Паѓа рејтингот на НДП на Руфи Османи и тоа од 2,9 на 2,1 отсто.

Сепак, пишува „Дневник“, анкетата покажува и дека граѓаните не веруваат оти обединувањето на опозицијата ќе ги зголеми нејзините шанси за успех на наредните избори. Мнозинството анкетирани не гледаат алтернатива во понудата на опозицискиот СДСМ.

Загрижувачки, се намалува чувството за безбедност на граѓаните во Македонија. Според анкетата на Дневник над 60 отсто од граѓаните сметаат дека Македонија не е безбедна земја.

80 отсто велат дека се живеело поубаво во времето на Југославија, додека пак над 70 отсто од граѓаните се изјасниле дека економската состојба во земјава е лоша.

Анкетата покажува песимизам, дека работите одат на полошо. Повеќето граѓани не очекуваат дека Македонија на Самитот на НАТО ќе добие покана за членство, но ја одобруваат надворешната политика на Владата во однос на исполнувањето на условите за евро-атлантските интеграции, но и зачувување на името и на идентитетот, објавува „Дневник“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено