Состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце е добра, потврди Филипче

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце од починат донор е стабилна и оти сите параметри се добри.

– Сите параметри кои произлегуваат од анализите направени заклучно со денес, се добри и сите се во фаза на подобрување. така што очекувам дека денес може постепено да се ослободува од респираторната машина, изјави Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по настан организиран од Универзитетската клиника за детски болести по повод Светскиот ден на детето.

Во неделата беше извршена третата трансплантација на срце во земјава. Операцијата траеше пет часа, а донираното срце беше трансплантирано кај 39-годишна пациентка.

Би можело да ве интересира

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор

ВИДЕО: Изведена првата потполна трансплантација на човечко око

Во земјава 140 лица чекаат за трансплантација на бубрези, околу 15 за срце и околу 14 за црн дроб

Одбележан Денот на органодарителството, за три години 67 лица добиле шанса за нов живот

МЗ: Еден донор спаси четири животи