Неидентификувани хакери соопштија дека објавиле на интернет лични податоци на над два милиона членови на владејачката партија во Јужна Кореја и на 40.000 американски војници, вклучително мна 28.500 во државата.
Идентитетот и мотивите на хакерите засега е нејасен.
Вчера кога беше одбележана годишнината од почетокот на Корејската војна во 1950 година, хакерски напади беа извршени на кабинетот на претседателот и на дел од јужнокорејски весници.