Турската разузнавачка служба го уапси во странство и го врати во земјата внукот на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, обвинетза неуспешниот државен удар во 2016 година.
Агенти на Националните разузнавачки организации го уапсија Селахадин Ѓулен и го вратија во Турција, објави агенцијата Анадолија. Не се наведува во која земја е извршено апсењето.
Агенцијата, која објави и фотографии на осомничениот со лисици на рацете, не соопшти дали операцијата е спроведена во соработка со земјата каде што е уапсен внукот на Ѓулен.
Фетулах Ѓулен, кој живее во САД ги отфрла тврдењата дека е вмешан во обидот за државен удар во Турција.
Ердоган смета дека Ѓулен е предводник на терористичка организација која има за цел да се урне актуелната турска Влада.
Од неуспешниот обид за преврат во 2016 година досега уапсени се неколку десетици илјади луѓе, а над 140.000 се отпуштени или суспендирани од должностите.