Премиерот на Белгија, Александер Де Кро, преку Твитер соопшти дека 50 отсто од возрасното население во земјата примило барем една доза вакцина и најави постепено враќање на нормален живот.
Стапката е постигната за време на викендот, изјави Де Кро во видео на социјалните мрежи.
-Зад овие бројки има многу надеж. Затоа што секој Белгиец кој е вакциниран нѐ приближува малку повеќе до враќање во нормала, единствениот начин да се избориме против коронавирусот е да ги обединиме нашите сили, порача белгискиот премиер.
Премиерот сѐ уште не е вакциниран и најави дека ќе ја добие првата доза за две недели.
Во меѓувреме сите индикатори за Ковид-19 во Белгија се подобрени, а болниците се драстично растоварени.