Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 71 лице се лекува на инфективните одделенија во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 194 и има околу 530 празни болнички кревети.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало два примени пациенти и пет биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 3 оздравени пациенти.
Во ковид центарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 10 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 23 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 37 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 123 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 13 болни, а во Куманово 24 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 20 пациенти, во Прилеп 10, во ковид центарот во Гостивар тројца, а во Струга осуммина болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се седум пациенти, во Кичево двајца. Во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица. .