Шест цивили и еден полицаец загинаа утрово во вооружена престрелка во еден сиромашен кварт во Рио де Женеиро, откако протестите прераснаа во немири и кражби, соопшти полицијата.
Демонстранти денеска повторно излегоа на улиците на сиромашните предградија на Сао Паоло, барајќи подобро образование, превоз и здравствени услуги и покрај тоа што бразилската претседателка Дилма Русеф вчера вети итни реформи во политичкиот систем и услугите во земјата.
Според полицијата, најмалку 500 луѓе ги блокирале улиците на неколку часа.
По повеќе од една недела протести ширум Бразил, претедателката Русеф најави дека Владата ќе потроши дополнителни 23 милијарди долари за јавниот превоз и вети одржување референдум за политичките реформи.
Таа нагласи и дека Владата ќе се фокусира на фискална одговорност и контрола на инфлацијата, здравството и образованието.