Изложба на педесетина цртежи од Јасминка Новковска, насловена „Светци“

Од:

Во новиот салон на Галеријата „КО-РА“, вчеравечер е отворена изложба на педесетина цртежи во акрилик, комбинирана техника на м-р Јасминка Новковска, насловена „Светци“, а од уметницата наречена „Нова современа авангардна симболична уметност“.

По повод отворањето на ова самостојна изложба историчарката на уметност Виолета Калиќ ја истакна „разнородноста во тематската преокупација и разнообразноста на ликовната лексика која, како што рече, ја доживуваме провокативна, контроверзна, фриволна и во секој случај смела со својата најнепредвидлива изразна форма, концептуланоста на знаковниот систем, на композициските сегменти, и колоритната симболика со акцентирана звучност“.

-Овој пат таа не поведува во еден нов свет и повторно со иманентна, автентична интерпретација во духот на нејзината веќе препознатливо автономно градена лексика. Со оваа изложба м-р Јасминка Новковска, инспирирана од вековната сакрална ризница која е воспеана до небесните височини, на најнеочекуван начин успева да го запази, долови и интерпретира духот и пораката на сакралното, навидум преточени во духот на каноните на ововремената лексичка синтагма во која цртежот, бојата и композицијата се преточени во една неочекувана концептуална симболика, која сепак ја доловува суптилноста, мисленоста, експерсијата, звучноста на гестот, милозвучноста или патосот на болката и страдањето, истакна Калиќ на отворањето на изложбата.

Изложбата ќе биде отворена до 4 јуни.

Јасминка Новковска е родена во Скопје 1975 година. Дипломирала на ФЛУ во Скопје, а специјализација имала на Националната Академија во Софија, каде ги завршила и постдипломските студии по ликовна уметност. Има студиски престој во Париз. Реализирала неколку самостојни изложби во земјава, Бугарија, Берлин, Њујорк, а учествувала и на бројни групни изложби дома и во САД, Канада. Добитник е на награда за најуспешен млад автор во 2000 година на Музејот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска