СДСМ: Големи се хипотеките на Мицкоски штом мора секој ден да брани криминалци и насилници

Од:

„Денеска Христијан Мицкоски повторно во првите редови во одбраната на насилството и криминалците, се заканува со ново насилство, како да не ја научил лекцијата на неговиот ментор од Будимпешта.

Нема криминал и насилство што Мицкоски не се обиде да го одбрани по налог на неговиот ментор Никола Груевски.

Очигледно големи се хипотеките на Мицкоски штом тој мора секој ден да брани криминалци и насилници“, реагира СДСМ на изнесените ставови на Христијан Мицкоски.

„Тоа што луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок Мицкоски ги брани и ги нарекува уставобранители е доказ дека овој човек е цврсто застанат зад насилството и криминалот, на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата.

И не треба да се чуди што граѓаните шест пати го казнуваат на избори, ќе продолжат да го казнуваат се додека е на страната на криминалот и насилниците.

По сите искажани лаги, по сите деструкции, по сите обиди за одбрана на криминалот на Мицкоски само поразите ќе му останат“, се додава во реакцијата на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби