Спортската јавност во Охрид тагува за голманот Даниловски

Од:

Веста за трагичната смрт на голманот на ГРК Охрид Никола Даниловски ја потресе охридската спортска јавност.

Од матичниот клуб на Даниловски се огласија со пораки на тага и жалење за изгубениот млад живот, како и сочувство до семејството на младиот голман.

„Затечени и потресени сме од трагичната вест за прераната смрт на нашиот голман Никола Даниловски. Нашите мисли во овие моменти се со семејството на Никола, на кое му изразуваме длабоко сочувство. Загубата е огромна и не постојат зборови на утеха кои можат да ја намалат големата болка“, стои во пораката од РК Охрид.

Младиот голман во Охрид дојде како засилување од Металург, а има настапувано уште и за битолски Пелистер. Повремено беше и голман во националниот ракометен тим.

Беживотното тело на младиот спортист утрово било пронајдено во водите на Охридското Езеро, кај туристичката населба Лагадин. Според првичните информации од увидот, на телото немало траги од насилство.

Екипа на СВР Охрид во присуство на јавен обивнител извршила увид на лице место, а истрагата треба да ги покаже околностите и причините за настапувањето на смртта.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес