(ВИДЕО) Петровска: ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот, одговорност мора да има и за организаторите на 27 април

Од:

„И денес, како и многу пати досега, на дело го гледаме лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ.

И денес, Христијан Мицковски и неговоите следбеници ќе застат во првите редови на одбраната на насилниците и криминалот.

Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.

Тоа се протести на кои Мицковски и неговите следбеници повторно ќе ги бранат осудените насилници, и ќе бараат нивна амнестија“, рече Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

„Луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, луѓето кои се обидоа да убијат, да одземат човечки животи и да го загрозат уставниот поредок, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги брани нарекувајќи ги уставобранители.

Луѓе кои бараат крв, посакуваат и планираат нечија смрт, посегнуваат по нечиј живот никогаш нема да бидат уставобранители. Тоа се насилници што е потврдено и со правосилни судски пресуди.

Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани насилници и криминалци?

Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложнижтво на политиките на Мицковски?

Но, едно треба да им биде јасно дека нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството, нема да успеат да ја спречи правдата.

Денес за секој криминален и насилен чин следува одговорност, а одговорност ќе има и за организаторите на крвавиот четврток и тоа никој нема да го спречи“, изјави Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби