Германија: Планирале напади со авиони на далечинско управување

Од:

Германското обвинителство покрена истрага против двајца мажи за кои постои сомневање дека се подготвувале за бомбашки напади на авиони со далечинско управување.

Обвинителите истакнаа дека во рамките на истрагата што ги спроведоа властите во Германија и Белгија се разгледуваат можни обвиненија за подготовка на сериозен чин на насилство, но не и за припадност или поддршка на некоја терористичка организација.

Извршен е претрес во девет куќи во Штутгарт, Минхен, Саксонија и Белгија.

Двајца мажи со туниско потекло, чиј идентитет се уште е тајна, се обвинети дека собирале информации и средства со цел да изведат екстремистички напади со авиони на далечинско управување, изјавиле обвинителите.

Во ноември, Американецот Резван Фердаус е осуден на 17 години затвор поради тоа што планирал авиони на далечинско управување натоварени со експлозив, да ги насочи во зградите на Пентагон и Капитола.

Во Германија успеа само нападот на исламски екстремист со потекло од Косово, кој живеел во Германија, да изврши убиство од огнено оружје на двајца американски пилоти на аеродром во Франкфурт 2011 година.

Властите на Франција соопштија дека и нивната полицијата привела шест лица во околината на Париз, поради сомнеж дека подготвувале терористички напади на територијата на Франција.


Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски