Во организација на мото клубот Мото-Велес, Мотоциклистичка федерација на Македонија и Општина Велес, претпладнево ќе стартува првата трка од Ендуро шампионатот за 2021 на ендуро патеката над велешко езеро „Младост“.
Како што информира Сашко Ванов, претседател на МК „Мото – Велес“, со оглед на олабавување на мерките и имајќи предвид дека настанот е на отворен простор, дозволено е да присуствува публика, но со почитување на дистанца и носење на маски.
Ќе се вози во три класи Е1, Е2 и Е3, а учество ќе земат 50-тина ендуро возачи од мото клубовите од земјава, како и гости учесници – најдобрите ендуро возачи од соседно Косово.