ВМРО-ДПМНЕ: Комисијата на Филипче забошотува лекарски пропусти на сметка на здравјето на пациентите

Од:

„Одлуката на Комисијата на Филипче за случајот со родилката Веаповска е показател за упропастениот здравствен систем. Патем оваа одлука во која се утврдува дека единствена грешка во овој случај е запишувањето на полот на роденото дете, а не фактот што родилката после царскиот рез останала без јајник, матка и бубрег, е уште еден показател дека институците сакаат да забошотат трагичен случај на една родилка, за да го заштитат помоќниот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Срамота. Оваа нечовечка одлука на Комисијата на Филипче очигледно имала политичка задача да го заташка случајот.

Патем да биде состојбата уште пострашна за истата болница, за истото одделение и за истиот лекар се врзуваат и други трагични случаи за кои нема никаква разрешница. Затоа и ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се повеќе се уверува дека институциите и Филипче преку бирократски процедури сакаат да заштитат очигледно кривично дело на сметка на оштетените пациенти и нивното здравје“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ