Филипче: Комисијата предложи попуштање на мерките поради спласнување на епидемијата

Од:

Комисијата за заразни болести утрово на состанок беше на став дека може дополнително да попуштат сегашните рестриктивни мерки поради тоа што е очигледно дека епидемијата спласнува, бројките на новоразени се намалуваат, како и на хоспитализации во болниците, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Како што рече, инциденцата за 14 дена е околу 35 случаи на 100 000, а спорадично ширење се смета дека е кога таа бројка е 20.

Комисијата препорача од 1 јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, но на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца, остануваат задолжителни. Предложи и да престане да важи забраната за групирање на отворено, но при групирање повеќемина останува препораката да се носат заштитни маски.

Како што и претходно соопшти Министерството, Филипче рече дека се дозоволуваат организација на свадби и прослави на отворено со најмногу 100 гости и не повеќе од 50 отсто пополнетост на капацитетот, и да се дозволи спортските натпревари на отворено да бидат со публика која нема да пополни повеќе од 30 отсто од капацитетот на местото каде што се одржува.

-Засега останува полицискиот час како дополнителна мерка, во смисла да се ограничува дополнително групирање во одреден временски период, а ние будно ја следиме ситуацијата и понатаму, рече Филипче.

Соопшти дека значајно е подобрена состојбата во болниците и продолжува трендот да нема притисок за прием. Работат само инфективните одделенија и повеќе нема потреба за ротации на кадарот. Добро се спроведува, рече, и вакцинацијата, со смалено темпо за првата доза, но динамиката повторно ќе се засили од идната недела кога се очекуваат да пристигнат нови пратки вакцини.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски