Заев: Добредојдени се пријатели кои сакаат да помогнат, но спорот со Бугарија е сепак билатерален

Од:

Секојпат се добредојдени пријатели кои сакаат да помогнат, но дефинитивно ова е билатерален спор и така треба да го решиме, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Во вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега, премиерот Јанев, Заев рече дека се договорени некои следни чекори кои верува, како што истакна, дека ќе бидат потврдени и од бугарска страна, согласно вестите кои ќе ги донесат претседателите Радев и Пендаровски.

-Разговорот уште еднаш го потврди големото пријателство меѓу нашите две земји. Ние очекуваме, а Бугарија потврдува дека наша желба е, а верувам и нивна аспирација во иднина, ќе биде поддршката на целиот Запаен Балкан за интеграција во ЕУ, па така и на Северна Македонија. Но, битно е да проодлжиме да работиме на иазноѓање на решенијата. Сепак, ќе кажам, Европа е кабаетлија и ни должи многу,

Тој повтори дека земјава 16,5 години чека пред вратата на ЕУ.

-Што и да е, многу е. Испорачавме се, нема дилеми од никој, ниту од дома, ниту од надвор, и за делот на реформите и за европските манири и за диплотаскиот и начинот на дијалог на решавање на проблемите. Докажавме и одржавме европски лекции за цел континент и навистина заслужуваме. Секогаш ја испраќам и пораката за замолница до Бугарија за поддршка на Северна Македонија зашто лесно е да се стават непријатни состојби меѓу нашите народи, а не е така лесно да се градат пријателства и да се унапредуваата врските. Важно е каква историја денеска испишуваме зашто таа ја отвара иднината за идните генерации, потенцира премиерот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Бугарија го оспорува Акцискиот план за малцинства затоа што бил на македонски јазик, вели Мицкоски

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

Изјавите на словачкиот претседател за Македонија ја налутија Софија

Муртезани: Кај премиерот и Владата постои сериозна одлучност за надминување на спорот со Софија по изборите

Катерина Ѓуровски