ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката на Комисијата на Филипче и претходниот обид за забошотување на случајот со Веаповска мирисаат на политика

Од:

„Вчера медиумите објавија скандалозна вест дека после неколку месеци Комисијата која ја формираше министерот Филипче за случајот со родилката Веаповска на која после породувањето и биле отстранети три органи, нема пропусти, односно Комисијата не констатира недостатоци, неправилности или пропусти во здравствената установа?!

Замислете единствена грешка која ја востановила Комисијата после неколку месеци било дека само погрешно бил евидентиран полот на плодот на родилката“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е срам за целата лекарска фела и срам за државата. Родилка останала без три органи, матка, јајник и бубрег, а Комисијата не гледа никаква вина во постапката на лекување и третирање на пациентот.

Да потсетиме дека случајот на родилката од Дебар се заташкува низ институционалните лавиринти речиси една година. Институциите со месеци играа пинг – понг и ја префрлаа одговорноста, за после притисокот на јавноста се пристапи кон формирање на Комисија која гледаме каква скандалозна одлука донела.

Ова отвора сомнеж дека и последната одлука на комисијата на Филипче и претходните обиди за прикривање и забошотување на делото имаат политичка позадина. Со ова Филипче директно си зеде улога на прикривач на вистината за случајот со родилката од Дебар Јилдиз Веаповска“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски