Германскиот претседател најави кандидатура за втор мандат

Од:

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер денеска најави дека ќе побара втор претседателски мандат, наведувајќи дека сака да помогне во надминување на поделбите продлабочени со пандемијата на Ковид-19.

Штајнмаер најави дека ќе побара да биде шеф на Германија уште пет години, четири месеци пред изборите за нов парламент, кој ќе го има главниот збор при изборот на претседател. Во февруари следната година, собрание составено од членови на Долниот дом на Парламентот и претставници на 16 сојузни држави ќе избере нов претседател. Актуелниот мандат на Штајнмаер истекува во март.

Пред да стане претседател, Штајнмаер беше министер за надворешни работи во Владата на канцеларката Ангела Меркел во два наврати, а претходно беше шеф на кабинетот на канцеларот Герхард Шредер.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски