(ВИДЕО) Митева: Царовска наместо да ги решава, таа ги создаде сите проблеми во образованието

Од:

„Министерката Царовска на собраниска седница коментираше проекти од предизборната кампања на ВМРО-ДПМНЕ. Таа како вчера прв пат да слушнала дека ВМРО-ДПМНЕ во својата предизборна програма предвидува дигитализација во образовниот систем, што е неточно, бидејќи според изјавите на Министерката во изминатите месеци е сосема јасно дека нејзините служби, а и таа интензивно ги следат нашите соопштенија.

ВМРО-ДПМНЕ на секој свој настап повторува и информира дека не е против дигитализација.

ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја подржува дигитализацијата во образованието уште од проектот Компјутер за секое дете и е-платформата на која се поставени учебници во ПДФ формат. Дел од овие учебници деновиве не им се достапни на учениците поради неспособноста на министерката да го реши проблемот со авторските права на издавачката куќа“, рече Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ е силно против укинување на печатени учебници и причините за тоа постојано ги образложуваме.

Еве ја најновата:

На веб страната на МОН стои објава со наслов “Апелираме училиштата и општините да ги исплатат прекувремените часови работа на наставниците, МОН редовно ги уплаќа средствата“.

Токму за оваа состојба зборуваме 6 месеци. МОН ги уплатило средствата, а општините не ги исплаќаат. За ова предупредуваме во врска со изјавите дека:

училиштата ќе бидат задолжени да создадат библиотечен фонд на таблети,

училиштата ќе бидат обврзани да ја испечатат книгата и да обезбедат интернет.

Ние велиме: Училиштата ќе бидат задолжени но нема да го сторат тоа, од многу реални причини и како што сега не ги префрлаат средствата за да се исплатат прекувремените часови, така нема да ги префрлаат ни во иднина.

Ваква Ви е ситуацијата во образованието министерке и Вие тоа го знаете. Затоа Ве разбираме што вчера надмено им се обраќавте на пратениците, наместо да ги слушнете пораките кои Ви ги испраќаат и не заради Вас, туку заради иднината на нашите деца и нашата татковина“, изјави Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски