Поранешниот премиер на Италија, Емилио Коломбо кој учествуваше во изработка на повоениот републикански Устав, почина синоќа на 93 годишна возраст.
Коломбо беше премиер осумнаесет месеци од 1970 до 1972 година.
Во седумдесетите години од минатиот век беше претседател на Европскиот парламент, доживотен сенатор, а ги извршуваше и функциите министер за финансии и надворешни работи.
Како што соопшти неговата канцеларија, Коломбо почина синоќа во својот дом во Рим, пренесе „Ројтерс“.
Тој беше член на уставното собрание кое го напиша новиот италијански Устав по референдумот од 1946 година, со кој е ставен крај на монархијата и е воспоставена република.
Елена Георгиевска