Нападнати Бугари во Хрватска поради Македонија

Од:

Во Хрватска во изминатите неколку денови се случиле неколку инциденти поврзани со бугарски државјани, за што амабсадорката на Бугарија во Загреб, Генка Василева Георгиева ги известила надлежните органи, објави хрватскиот весник „Јутарњи лист“.

Според пријавата на амбасадорката Георгиева, како што наведува весникот, хрватската полиција работи на два случаја.

– Во првиот, таксист остро и приговорил на Бугарка која влегла во неговото возило: „Вие Бугарите со својата валкана политика кон Македонија доаѓате овде во нашата убава Хрватска“, а потоа застанал и ја замолил да го напушти возилото. Во вториот случај, бугарска државјанка пријавила дека кон неа и кон нејзиниот сопруг биле фрлени предмети на пазар. Продавачот почнал да ја навредува бугарската државјанка, затоа што, како што пишува во пријавата, „Бугарија ја уценува несреќна Македонија“. Во трет случај, наводно, на син на Бугарка му бил забранет пристап во градинка во Загреб, но случајот е решен, додава „Јутарњи лист“.

Весникот наведува дека за инцидентите, хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ го обвинил претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, кој минатата недела остро ја критикуваше Бугарија поради блокирањето на почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк