Сместена првата група деца во струшкото одморалиште „Мајски цвет“

Од:

Во детското одморалиште „Мајски цвет“ во Струга денеска пристигнаа 120 деца од социјалните семејства кои ќе летуваат седум дена на струшкото крајбрежје, во рамки на владиниот проект за бесплатно летување на посебни категории деца.

Управителот на одморалиштетто Јован Паскоски информира дека дечињата ги дочекале подготвени.

– Уште со потпишувањето на договорот со Министерството за труд и социјална политика бевме во подготовка на одморалиштето. Се е подготвено и ставено во функција. Децата пристигнаа, се сместија и се надевам дека ќе поминат незаборавен одмор со желба повторно да се вратат овде, рече Паскоски.

Одморалиштето, кое е пуштено во употреба во 1979 година и се одржува тековно, според директорот, е добро сочувано. Но, тој смета дека треба да се стандардизираат собите за престој на децата.

– Доколку е возможно, да се помогне од страна на државата во стандардниот дел, да се направи стандардизација на детските соби, инаку се друго е во ред, додава Паскоски.

Проектот за бесплатен одмор на младите летувалци ќе им понуди повеќе воспитно-образовни, спортско-рекреативни и културно-забавни активности.

Министерството за труд и социјала втора година организира летување за деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток за 2013 година. Минатата година 3.000 деца заминаа на бесплатен одмор од кои 2.000 на летен во Струга и 1.000 на зимски одмор на Пелистер.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Сите наставници од основно до високо образование ќе имаат повисоки плати

Јаневска: За четири месеци ги зголемивме платите на наставниците и инвестираме во инфраструктура

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето

(ВИДЕО) Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46 отсто

Горан Наумовски

Филипче: Само 5% покачување плати за наставниците е обид да се намали гневот

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците