УНИЦЕФ ќе купи 220 милиони дози од „Спутник В“

Од:

Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) ќе купи 220 милиони дози од руската вакцина Спутник В, соопшти рускиот фонд за директни инвестиции, што се занимава со пласман на вакцината на пазарот, јави ДПА.

Потпишан е договор што ќе овозможи да се вакцинираат 110 милиони луѓе против ковид-19, соопшти Фондот.

Испораките ќе бидат извршени под услов руската вакцина да добие одобрение за итна употреба од Светската здравствена организација, што се очекува од октомври минатата година.

Вакцината Спутник В во моментов е одобрена за употреба во повеќе од 65 земји во светот, покажуваат податоците на рускиот фонд за директни инвестиции.

Од земјите-членки на Европската унија, руската вакцина се користи во Унгарија и Словачка. Тоа се случува и покрај фактот што Европската агенција за лекови се уште не ја одобрила употребата на Спутник В.

Би можело да ве интересира

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он

Kараванот за вакцинирање против КОВИД-19 ќе трае уште два дена

А1он