ВМРО-ДПМНЕ: Заев да соопшти дали подготвува ново национално предавство и отстапување на македонската историја

Од:

„Каков договор има Заев за историјата со Бугарија? Зоран Заев мора да и соопшти на целата јавност вистината за распродавањето на македонската историја и идентитет. Заев мора да признае каков договор направил за Св. Кирил и Методиј, Св. Климент, Св. Наум и Цар Самоил“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев треба да престане да се фали дека успеале „да се договорат“ за пет историски личности и три историски периоди со Бугарија, а во исто време не кажува каков е договорот. Дури и најави дека следен за „решавање“ бил Гоце Делчев. Ова е јасно признание дека се преговара за идентитетски прашања и продолжува промената на идентитетот. Македонските граѓани добро знаат дека кога Заев се договара, губи цела Македонија.

Бараме Зоран Заев пред целата јавност да соопшти што се договориле за просветителите, Цар Самоил и Гоце Делчев, односно дали подготвува ново национално предавство и отстапување на македонската историја на Бугарија“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ