ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов и Богдановиќ денеска промовираа жардињери, наместо булевари и капитални проекти

Од:

„Шилегов и Богдановиќ денеска промовираа жардињери, наместо булевари и капитални проекти. На само 200 метри од местото каде промовираа жардињери и трева се наоѓа објектот дивиградба кој никој не смее да го спомне. Но и местото каде требаше да има нова раскрсница на повеќе нивоа“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Петре Шилегов.

„На само 500 метри од местото на кое денес беше Шилегов е тврдината Кале, каде требаше да има тунел, а кој го нема.

Срамота е на крај на мандат Шилегов да нема ниту еден капитален проект од значење за градот и да се фали дека работниците на Улици и патишта или Паркови и зеленило поставиле жардињери или засадиле трева што им е секојдневна работа.

Шилегов нема концепт и работи ден за ден. Скопје стагнира со него“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ