Венизелос ја презеде функцијата министер за надворешни работи на Грција

Од:

Министерството за надворешни работи е трет по големина бастион на националниот суверенитет на Грција, по Министерството за одбрана и Министерството за финансии, изјави новиот шеф на грчката дипломатија Евангелос Венизелос.

Досегашниот грчки министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска свечено му ја предаде новата функција на Венизелос со кого на церемонијата се поздравија со вообичаената фраза „драг пријателе“.

При заминувањето од грчкото МНР, Аврамопулос истакна дека Грција е повеќе од подготвена за претседателството со Европската унија, кое го презема на 1 јануари следната година.

Венизелос во новата Владата е и заменик премиер, додека Аврамопулос е назначен за министер за одбрана.

Лидерот на ПАСОК во својата политичка кариера досега бил министер за медиуми, транспорт, комуникации, правда, култура и спорт, развој, енергија, индустрија, трговија, туризам и технологија, но не и шеф на дипломатија.

Пред последниот самит на НАТО во Чикаго минатата година на средбите на политичкиот врв со претседателот Папуљас, Венизелос беше еден од првите политичари кои инсистираа на тоа Грција да стави вето на приемот на Македонија во Алијансата доколкутоа прашање биде на агенда на самитот.

Семејството на Венизелос е директно поврзано со Македонија од пред еден век, со оглед на фактот што неговиот дедо Елефтерос Венизелос е еден од потписниците на Букурешкиот договор по Втората балканска војна. Со овој договор територијата на Македонија е поделена, а нејзиниот најголем дел, односно Егејскиот и припадна на Грција.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица