Пронајдена мртва, една од најбогатите жени во Велика Британија

Од:

Ева Раусин, на 48 години е пронајдена мртва во нејзиниот дома во лондонскиот отмен кварт Кадоган Плејс во Белгревија. Информацијата ја потврди и Скотланд Јард, дека е пронајдена мртва една од најбогатите жени во Велика Британија.

Иако сеуште нема информации што е причина за смртта, полицијата потврди дека како осомничен за нејзината смрт но и поради поседување на дрога уапсен е нејзиниот сопруг Ханс Раусинг, наследник во шведската бизнис империја „Тетра Пак”. Раусинг прво бил доведен на сослушување, но набрзо е префрлен во медицинска устанонва, поради предозираност.

Во возилото на Ева Раусинг полицијата нашла дрога, како и лекови за смирување.

За брачната двојка Раусинг која долги години живее во Велика Британија, каде живее и еден дел од династијата наследници на „Тетра Пак”, долги години се знаеше дека се зависници од дрога.

Тие биле во брак 20 години и имаат четири деца, а се запознале токму во болница во САД за рехабилитација од дрога. Во 2008 година, тие двајцата беа уапсени од лондонската полиција, кога кај нив случајно најде дрога, при влегувањето на прием во американската Амбасада во Лондон. Но, тие подоцна беа ослободени и против нив не беше подигнато никакво обвинување.

Ева, која е Американка и ќерка на еден од богатите членови на Бордот на „Пепси Кола”, го запознала својот иден сопруг во една болница во САД за рехабилитација од наркоманијата.

Ханс Раусинг сениор, свекор на починатата, е рангиран на 88 место меѓу најбогатите во светот на листата на списанието „Форбс” за 2012 година, со имот што се проценува на 10 милијарди долари.

Семејството Раусинг богатството го има направено од откритието на тетра-пак во 60-те години на 20 век, кога место во шишиња, млекото почна да се пакува во специјално направена картонска амбалажа за течности.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство