(ВИДЕО) Здравковски: Луѓе умираат чекајќи пари за операции, но директорите на ФЗОМ ќе возат нови луксузни автомобили

Од:

„Стево Крстевски, директорот на Фондот за здравствено осигурување во време на здравствена и економска криза троши 82.600 евра за купување на две луксузни лимузини од марката Форд, модел – „Мондео титаниум“, за него и за Фатон Ахмети.

Народот собира донации за лекување преку СМС пораки, лекари носат пациенти на раце затоа што нема амбулантно возило, недостасуваат инсулин и клексан, а Крстевски од ФЗОМ купува луксузни лимузини, ова се опишува со еден единствен збор – „одлепени од реалноста“, рече Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„За ова ли сакате повисоки даноци? Народот ли треба да го плаќа вашиот луксуз и неизживеаност?

Луѓе буквално умираат чекајќи пари за операции. За оваа клика на власта, од која дел е и Крстевски човечкиот живот очигледно не вреди пет пари, но затоа вредат луксузните лимузини на кои не штедат, ниту во време на криза.

Крстевски и СДСМ не знаат за срам, да имаа срам немаше воопшто да ги набават двете луксузни возила вредни 82.600 евра, за кои договорот за набавка го потпишале на 20-ти мај, пред точно шест дена.

Сега, пред да биде предоцна, бараме Крстевски веднаш да го раскине договорот за набавка на двете луксузни возила, а парите да се пренасочат за набавка на две амбулантни возила.

Сигурно има возила со кои може да се вози Крстевски, и тие не мора да бидат нови, но амбулантни возила нема доволно, но наместо да чекаме на донации на приватни фирми ФЗОМ може да почне со откажување од луксузот за сметка на здравјето на граѓаните“, изјави Игор Здравковски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ