Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 6 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 128 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало 2 приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало еден примен пациент и 3 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден, информира Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 17 оздравени пациенти. Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 51 болен, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 58 пациенти.
Вкупно 128 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, известува Министерството за здравство.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, велат од Министерството за здравство.