ВМРО-ДПМНЕ: Милиони за возила за функционерите на Заев, а народот нема ниту за леб

Од:

„Набавката на 45 возила од страна на владата за министрите и директорите во ек на криза е безсрамно трошење на народните пари.

Граѓаните молат за донации за лекување, молат за донации за храна, молат за работа и преживување, а СДСМ фрла милиони на луксуз“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Лудилото не запира. По најавата за набавка на 45 возила од владата, ФЗОМ веќе набавил 2 луксузни лимузини за двата директори Стево Крстевски и Фатон Ахмети.

Со парите за 47 возила ќе се набавеа 47 амбулантни возила, но народот не и е приоритет на оваа влада, туку личната комоција.

Дополнително власта се расфрла во време кога вели дека ќе покачува даноци. Од народот ќе се зема, за да има за луксуз.

Бараме да запре ова расипништво. Бараме да се раскинат договоритe за набавка на возила и парите да се пренаменат за купување на амбулантни возила или други неопходни работи“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ