Студија: Сосем мал број Американци заразени со Ковид-19 по целосна имунизација

Од:

Само 0,01 процент од Американците биле повторно инфицирани по целосна имунизација против Ковид-19 во периодот јануари-април.

Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести во студија биле опфатени 101 милиони луѓе подложени на целосен курс на вакцинација помеѓу 1 јануари и 30 април – 10.262 инфекции се пријавени во рок од две недели по приемот на втората вакцина, или на првата со вакцини на Фајзер, Модерна и Џонсон и Џонсон.

Меѓу споменатите заразени, 6.446 или 64 отстсто од случаите се регистрирани кај жени, а просечната возраст на пациентите е 58 години. Без симптоми биле 2.725 луѓе. Седумстотини и шест пациенти беа хоспитализирани, а 132 починаа од причини поврзани со Ковид-19.

Генерално, бројките се: 0,01 отсто од целосно вакцинираните лица биле повторно инфицирани, 0,0007 отсто биле хоспитализирани и 0,0001 отсто починале.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија