(ФОТО) Граѓаните до Жерновски: Вашите претходници доаѓаа, ветуваа и си заминуваа

Од:

Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски оствари средба со жителите на Пролет и Ново Маало.

Два часа, Жерновски и неговиот тим ги слушаа и бараа решенија за проблемите кои ги мачат со години.

andrejziteli254

Се пожалија дека сите претходници на Жерновски доаѓале, за избори им ветувале се, но потоа ги заборавале до следните избори.

Некои очекуваа дека сега веднаш треба да им се решат проблемите со канализацијата, улиците, паркинзите, легализацијата, фасадите.

andrejziteli252

Жерновски им објасни дека сите прашања кои ги тиштат и им создаваат главоболки ќе бидат разгледани и во рамките на законот и можностите решени.

Ова е една од сериите директни средби на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски со граѓаните.

andrejziteli251

Утре од 9 до 15 часот е „Отворениот ден за средби“ во општината. Сите кои претходно имаат закажано ќе бидат примени и ќе ги изложат своите проблеми на градоначалникот и на неговите соработници.

andrejziteli25

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила