На Кипар еутанизирани 130.000 птици поради Њукасалска болест

Од:

Кипарските ветеринарни служби стравуваат од проширување на Њукасалската болест, откако беше откриена на две фарми за птици во село Мамари на границата со Северен Кипар.

Директорот на ветеринарната служба Јоргос Кириакидис наведе дека постои сомневање дека и на трета фарма е откриен вирусот на Њукасалската болест.

Досега се аутанизирани 130.000 птици, но ветеринарите претпоставуваат дека нивниот број може да се искачи на 200.000.

Кипарскиот министер за здравство Никос Кујалис истакна дека тестовите покажале дека во другите делови од островот не е откриен вирусот на Њукасалската болест.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ