Пет нови пациенти во Скопје, во ковид центрите се лекуваат 318 лица

Од:

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани пет нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 137 лица се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети.

Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало еден прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало двајца примени пациент и двајца биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени двајца оздравени пациенти.

Во ковид центрарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 50 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 68 пациенти.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 181 пациент.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 17 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 19 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има пет пациенти, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 25 пациенти, во Прилеп 12, во ковид центарот во Гостивар двајца, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 13 пациенти, во Кочани и во Кавадарци по четворица, во Кичево седуммина, а во Гевгелија нема хоспитализирани.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид центрите.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски