Кузеска: Економските мерки и политики дадоа резултат, просечната плата повисока за 6,8%

Од:

Економските мерки и политики кои ги реализираше Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев даваат резултат. Сите економски податоци потврдуваат: македонската економија е стабилна, жива, динамична и оди напред. Платите континуирано растат и во услови на пандемиј рече денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.

„Просечната месечна нето – плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари. За 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година. Повеќе пари во џебот на работниците е дел од концептот на СДСМ, парите кај граѓаните. Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година, е забележена сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%. Раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата. Во првиот квартал од 2021 година, раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто“ – рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра