ВИДЕО: Стотици лица синоќа биле на забранета журка со диџеј пред Музеј на Македонија, МВР најавува казни

Од:

Забранета журка со диџеј и голем метеж во дворот на Музејот на Македонија синоќа се појави на социјалните мрежи. За журката и стотиците гости без маски на социјалните мрежи се пофали диџејот кој ги забавувал. Тој сподели фотографии и видеа на кои се гледа метежот во дворот на Музејот, а се гледа и дека речиси никој не носи маска. Забавите со диџеј се уште се забранети, на сила се мерките кои не дозволуваат групирање на повеќе од четворица, а задолжително е и носењето маска и на отворен и во затворен простор.

Директорката на Музејот на современа уметност, Мира Гаќина, вели дека настанот, кој е дел од соработката со Музејот на Македонија, бил најавен и организиран според протоколите, а диџејот не правел журка туку имал перформанс.

„Синоќа имавме изложба во Музејот на Македонија организирана според протоколите. Сите лица што влегуваат внатре беа строго со маска, не се дозволуваше влез без маска, а исполнетоста на капацитетот беше 30 отсто. За тоа имавме задолжено редари. Тие ги предупредуваа да стават маска и лицата кои беа надвор, но невозможно е да стигне на сите страни. Цело време додека траеше изложбата имаше музика, но тоа не беше журка што ја прави диџеј туку перформанс на млад уметник. Како што едни имаат фотографии, други прават видеа, овој пушта музика. Нашите правници посебно внимаваа при организацијата да бидат почитувани протоколите“, изјави директорката Гаќина за „А1он“.

Музичкиот перформанс пред Музејот на Македонија бил дел од 13. Меѓународно биенале на млади уметници „Страст за лутање“ кое почна во средата во Музејот на современа уметност, продолжи во четвртокот во Природонаучниот музеј, а денес имаше изложба во Управата за хидрометеоролошки работи со музички перформанс, овојпат на џез составот „Светлост“. Во рамки на биеналето претставени се дела на 30 локални, регионални и меѓународни уметници.

Од Министерството за внатрешни работи, надлежно да казнува за групирање, велат дека веќе постапуваат за овој случај и најавуваат казни за непочитувањето на мерките за заштита од Ковид – 19.

Пазарната инспекција е недостапна за да каже дали синоќа направиле контрола внатре во Музејот на Македонија каде што луѓето кои се журкале во дворот имале можност да погледнат изложба.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он