Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 129 лица сомнителни и потврдени за Ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Вкупната бројка пациенти кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 340 и има околу 559 празни болнички кревети.
Поради намалениот број пациенти, болниците затворија голем дел од ковид центрите.
Во последното деноноќие, на Институтот за ТБЦ имало девет приеми. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало осум примени пациенти и шест биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.
Во ковид центритарот на Институтот за ТБЦ се лекуваат 20 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 49 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 211 пациенти.
Во Битола се хоспитализирани 15 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има четири пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 38 пациенти.
Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид центарот во Гостивар седум, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани седум, во Кичево девет, Кавадарци седум, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица.